Осум млади велешки спортисти прогласени за „Спортска надеж на Македонија“ и добитници на стипендии

Објавено: 30 јануари, 2026, во 13:24 часот
Фото: Прпев, Ставрев и проф. Гушев со министер Борко Ристовски

Драган Ставрев за покажани резултати во одбојка, Стефан Прпев во тенис – рекреативно како и постигнати резултати на кајакарите Кристијан Смилев на КК „Бабуна“, Илија Ѓоргиев, Филип Петрушев и Стефан Рибарски на ККК „Вардар“, Благој Гугинов на ККК „Арка Борец“ и Кристијан Лазаров на ККК „Борец“ се велешките Млади надежи за коишто првично дозна Дума.мк и се добитници на стипендијата “Спортска надеж на Македонија“.

Нивното прогласување се случи, вчера вечер, на почетокот на манифестацијата „Избор на спортисти на Македонија за 2025“ што се одржа во Скопје во организација на Сојуз на спортски федерации на Македонија.

Овие млади спортисти ќе добијат 10 месечни стипендии во висина од 8.000 денари од Министерство за спорт.

Инаку тие се дел од вкупно 500 стипендисти од целата држава. Дали се вкупно осум Млади спортски надежи или има и други од Велес, Дума.мк, ќе се обиде да дознае деновиве.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.