Победа на одбојкарите на „Борец“ во Струмица
Објавено на 24 октомври, 2021 во 17:11
Одбојкарите на ОК „Борец” во второто коло на првата одбојкарска лига гостуваа во Струмица и забележаа победа од 3:0 над домашниот состав на “Македонија Џио”.
По сетови резултатот изнесуваше 12:25, 8:25 и 14:25.
Иако противникот не се покажа како рамноправен со велешкиот состав, со оваа победа, одбојкарите на „Борец” ги поткрепија амбициите за пласман во горниот дел на табелата на првата одбојкарска лига.
Во среда тие се пред нов тест. Во Велес тие се домаќини на екипата на „Дибра волеј” од Дебар.
Лазар Лазаровски