Подготовките во Велес
Кошаркарите на „Борец Баскет“ пред деситина дена ги започнаа подготовките за престојното првенство на втората кошаркарска лига. Се тренира во спортската сала „Гемиџии“, за која да споменеме е единствена отворена спортска сала во градот и недостасуваат термини за сите екипи. Во останатите спортски училишни сали во моментов не е дозволен тренинг за спортските екипи поради корона кризата.
Тренерот на екипата проф. Ангел Љутков најавува интересна сезона.
-Од годинава втората лига е многу посилна со реорганизацијата. Од минатогодишните две е формирана единствена втора лига која има квалитет. За разлика од предходната сезона во составот ќе има промени. Заминаа Стојменов и Котевски но во моментов преговараме со неколку кошаркари од прволигашки екипи кои ќе настапуваат со двојни лиценци. Подготвките во целост ќе ги реализираме во Велес и веќе сме во договори и за одигрување на пријателкски средби. Амбициите ни се како и минатото првенство пласман во горниот дел на табелата, додаде Љутков.
Да споменеме и дека клубот пријави екипи во младинските првенства на Македонија во М-16 и М-18 но и дека ако не се дозволи тренинзи во училишните сали ќе се појави голем проблем со тренажниот процес.
Лазар Лазаровски