Прв пораз сезонава на КМФ „Кеги моби“ на гостување во Штип
Објавено: 14 декември, 2021, во 11:35 часот
Во седмото од втората Футсал лига велешки „Кеги моби“ го доживеа првиот пораз. Загуби само со еден гол разлика од КМФ „ Мал Ајакс“, во Штип. Штипјани до победа стигнаа со пожртвувана игра иако гостинскиот состав имаше двојно повеќе шанси. Панче Наневски, тренер на „Кеги моби“ за Дума.мк изјави:
„Убав натпревар, со многу добра игра. Не не сакаше топката, изпромашивме многу сто процентни шанси. Штом изостанува реализацијата, поразот е неминовен. Но тоа е спорт не победуваш секогаш иако си одиграл подобро. Благодарност до домаќинот за фер и коректниот однос.”

Инаку во натпреварот „Кеги моби“ поведе во 6 минута преку Саздовски. Израмни Штрков од „ Мал Ајакс“ во 8 минута. Двете екипи на полувреме замина со нерешен резултат 1:1.
Во 30 минута на второто полувреме, велешани со голот на Давчевски повторно поведоа но само две минути затоа што следеа головите на домаќините Штрков во 32 минута и на Димитровски во 36 минута. Преку голот на Трајков во 38 та минута повторно се стигна до егал 3:3, но во пред последната минута Лазов од екипата на „ Мал Ајакс“ им овозможи на домаќините да стигнат до победата.
По одиграни седум кола и со 18 бода „Кеги моби“ е прв на табелата. Во следното осмо, последно коло, во есенскиот дел во кое на домашен терен ,во Велес, гостува екипата „Форца“ од Куманово.
Лазар Лазаровски
