Прволигашот „ФК Борец“ на 10 дневни подготовки на Златибор, со фудбалерот Стојменовски
Објавено на 9 јули, 2021 во 14:51
Полека но сигурно се формира костурот на екипата на ФK „Борец“ пред почетокот на првенството. Со оглед на фактот што имаше големи играчки промени сигурно е дека ќе треба време играчите да се запознаат и уиграат. Шефот на стручниот штаб Борче Христовски е задоволен од досегашниот тек на настаните.
– Речиси 90 посто од играчите се нови. Доаѓаат од разни средини и ке треба време да се адаптираат. . Задоволен сум од нивниот квалитет се се тоа проверени играчи, рече Христовски
На 11 ти јули, годинава, недела, 22 фудбалери на „Борец“ заминуваат на подготовки на Златибор, во соседна Србија. Таму во план е одигрување на две контролни средби додека по вракањето во Велес ке се одиграат уште неколку до почетокот на првенството.
Во „Борец“ на општо задоволство остана Оливер Стојменовски играч од задната линија кој одигра одлично минатата сезона. Имаше понуда да замине во странство но се реши да остане во „Борец“.
Како и да е со нетрпение се очекува почетокот на првенството и преставувањето на новиот состав на велешкиот прволигаш.