Скопски „Вардар“ пресилен во дуелот со „Локомотива“ од Градско

Објавено на 11 август, 2021 во 12:21

Фудбалерите на „Локомотива“ од Градско во пријателски натпревар се поразени од екипата на „Вардар“ од Скопје со резултат 3:0. Ова беше средба во рамките на подготовките пред почетокот на првенството на втората фудбалска лига.

Довчерашниот прволигаш од Скопје покажа повеке и заслужено победи.

Радува податокот што  од натпревар до натпревар екипата на „Локомотива“ добива препознатлива игра и се темпира формата  за стартот на првенството.

Следен пријателски натпревар е закажан со екипата на „Осогово“ од Кочани. Во меѓу време се водат разговори со неколку играчи и ако се постигне договор клубот дополнително ќе се засили и ќе се зголеми конкуренцијата  во тимот.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.