Тренерот Василев: Создаваме екипа за враќање во Супер лигата
Екипата на Градскиот ракометен клуб „ Борец“ на две кола до крајот на плеј аутот на првата ракометна лига го дели второто место на табелата со екипата на „Делчево-Вардар“ со по 24 бодови.
Викендов велешани му гостуваат на Ѓорче Петров додека на втори јуни на домашен терен ја пречекуваат екипата на „Партизан“ од Гевгелија.
Тренерот на Борец, Васко Василев, предвидува убава иднина на велешкиот состав.
-Најмлада екипа сме во лигата, повекето играчи се родени 2003 и 2004 година. Во моментов имаме 8 победи и четири порази,но бодовите не се императив. Целта е создавање состав којшто би се вратил во супер лигата, додаде Василев.
Инаку клубот во моментов го водат неколку ентузијасти кои со вонредни напори наоѓаат можности за негово опстојување.
Лазар Лазаровски