Успешен настап на спортските риболовци
Завршија натпреварите од првата спортско риболовна лига. Во државното првенство настапија 12 екипи меѓу кои „Бабуна“ и „Кркушка“ од Велес. Државен првак е скопски „Вардар“ со 56 бода пред „Бистро“ од Струмица со 52 и „Бабуна“ на третото место со 48 бода, за која настапија Ангел Тодоров, Владо Тодоровски и Никола Џампалов. Тимот го водеше Бранко Јанушев. Вториот велешки преставник, екипата на „Кркушка“, е осма.
Во категоријата У-20 солиден настап имаа Ангел Димов и Дамјан Арсеновски кои се пласираа во горниот дел, но не успеаа да стигнат до медал.
Веќе во четврток па до недела, 12-ти, на велешко езеро ќе се одржи второто коло од крапската државна лига. Ке настапат 15-те најдобри екипи од земјава. Нарпреварот трае 72 часа. Домаќин е ЗСР „Бабуна“ чии членови вложија огромни напори да се подобри пристапот и да се обезбедат нормални услови за натпревар.
Со помош на општината но и повеќе фирми од приватниот и државен сектор се најдоа сили да се среди патеката. Голем придонес дадоа и спортски риболовци но и ветераните поранешни „Акцијаши“ кои и покрај топлото време помогнаа во расчистувањето на патеката за натпревар и околината.
Лазар Лазаревски