Утрово на 65 годишна возраст почина спортскиот ракометен ветеран Петре Тутарков
Објавено на 20 септември, 2021 во 12:37
Петре Тутарков почина по кратко боледување и зад себе остави трајни белези во спортскиот живот во градот. Тој беше врвен спортист, ракометар, којшто играше на позицијата пивот мен во првата постава на РК Борец во времето на натпреварувањето на велешкиот тим во втората сојузна, југословенска лига. Во сеќавањата на велешани, секако ќе остане запаметен по извонредните голови со кои на нозе ја креваше публиката во спортската сала, тогаш „25 мај“, како и на отвореното ракометно игралиште во градскиот парк. Тутарков беше познат од редовите на втората генерација велешки ракометни асови, омилен и почитуван од младите генерации.
Вечна слава велешка спортска легендо и сочуство до твоето семејство.
Дума.мк