Велешки „Борец“ релаксирано заминува на натпреварот со „Академија Пандев“
Објавено на 15 мај, 2021 во 15:37
Фудбалерите на велешки „Борец“ на натпреварот од последното коло на Првата фудбалска лига, што ќе се игра, утре 16 мај, гостуваат во Струмица каде играат со екипата на „Академија Пандев“.
По обезбедениот опстанок се очекува велешани растеретено да настапат. За разлика од домаќините кои пораз на натпреварот ги води во бараж. Тие само со нерешен исход или со победа обезбедуваат опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
Особено заинтересирани за исходот од овој натпревар се екипите на „Силекс“ и „Ренова“. Доколку струмичка „Академија Пандев“ изгуби овие екипи ќе се стекнат со реални шанси за опстанок во лигата.
Овој натпревар од последното коло на Прва фудбалска лига се игра, утре, недела со почеток во 16 часот.
Лазар Лазаревски