Велешкиот кајакар и македонски репрезентативец Љубомир Спасиќ прогласен за Спортист на Армијата за 2024 година

Титулата „Спортист на Армијата за 2024 година“ за Љубомир Спасиќ велешкиот кајакар од ККК „Арка Борец“ од Велес и член на македонската кајакарска репрезентација, вработен во Армијата. На свеченост во Скопје пехарот на Спасиќ му го врачи министерот за спорт Борко Ристовски. Како членка на Меѓународниот совет за воени спортови (CISM), Армијата на Р.С Македонија традиционално го одбележува Денот на воените спортови со спектакуларни настани и избор на најдобри меѓу најдобрите.
За Љубомир Спасиќ ова признание е кулминација на години напорна работа, дисциплина и посветеност и не само кон спортот, туку и кон честа, должноста и воените вредности што ги носи од првиот ден во Армијата, од 2007 година.
– Армијата не е само сила туку е и дисциплина, истрајност и победнички дух! Чест, гордост и мотивација за уште поголеми успеси. Голема благодарност до сите кои ме поддржаа низ годините. Ова признание е наша заедничка победа,рече Спасиќ.
За него високото признание претставува повеќе од личен триумф, поточно симбол е на посветеноста, тимската поддршка и духот на Армијата, кој не познава граници.
Љубомир Спасиќ во 2024 година го освои високото третото место на Светското првество во Шпанија во категоријата мастерс 35+ и четвртото место во генерален пласман на европските купови.
Убавка Јаневска
