Велешкиот ракомет има иднина, градското дерби заврши со нерешен резултат и постигнати 82 голови
Во натпревар од кадетската ракометна лига, градското дерби, нема победник. Во салата на ООУ „Блаже Конески“ се одигра натпревар за паметење во кој РK„ Бисинов Фруид ленд“ РK„ Бисинов Фруид ленд“ постгнаа по 41 голови. Крајниот резултат е 41:41.
Публката проследи квалтетен ракомет, неизвесен, со многу атрактивни потези и многу голови. Постигнати се дури 82 гола, што е реткост во ракометот. Се играше брзо, атрактиво и нападите завршуваа по само неколку додавања.
До 27 минута „Бисинов Фруид ленд“ беше во водсво. Тогаш Борец израмни на 18:18. Полувремето заврши со резултат 22:22.
Во вториот дел обете екипи се менуваа во водсвото,за на крај средбата да заврши без победник што е и најправеден исход.
Најефикасен играч на теренот беше Табаков од „Борец“ кој имаше свое шоу и постигна 22 гола. Нему му најмногу му помогнаа Димовски и Андовски кои исто така постигнаа по 6 гола.
Кај домакинот најпрецизни беа Ристовски со постигна 11 гола, Иванов осум и Ристевски шест.
На крај сите играчи добија честитки од гледачите, присутни на натпреварот, во пристоен број и задоволни ја напуштија салата. Тие замнаа со мисла дека ако се има добра стратегија и разбирање, од двата клубов, може да се изроди суперлигаш со оглед на талентот на играчите. Велес ги има ракометарте, тренерскиот квалитет е евидентен и што ни треба. Можеби малку добра воља и убава мисла и повеке толерантност помеѓу двата клуба.
Лазар Лазаровски