Велешките екипи потфрлија на традиционалниот куп во спортски риболов „Петре Прличко“

Објавено на 8 јуни, 2021 во 13:46
Свечено доделување на наградите на Куп „Петре Прличко“ во Скопје

       Се одржа традиционалниот куп во спортски риболов “Петре Прличко”. На патеката Езерце во градскиот парк во Скопје најголемо знаење покажаа гостите од Ниш, екипата на „Наис“ која го освои првото место пред домакинот „Вардар“ и третопласираната екипа „Елита“  од Гнилање.

Поединечен првак е Тони Гоговчевски од „Вардар“, втор е Звонко Лазаревски од „Пчиња“ Куманово а третото место го освои Јовица Велиќ од „Наис“ од  Ниш.

Натпреварувачкиот дел од купот на „Езерце“

Од велешките преставници „Бабуна“  е шеста, „Кркушка“ е десета. Со оглед на квалитетот кој го поседуваат обата клуба можеме да кажеме дека тие не ги остварија очекувањата.

Лазар Лазаровски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.