Велешките кошаркари од КК „Борец Баскет“ ќе одиграат хуманитарен натпревар за Леонид Индов
Кошаркарите од велешкиот клуб „Борец Баскет“, во недела, на 25 февруари ќе одиграат хуманитарен натпревар против „МЗТ Скопје УБ“, преку кој ќе се вклучат во акцијата за собирање на средства за успешно лекување и рехабилитација на младиот Леонид Индов.
-Да помогнеме кога е најпотребно, ова е нашата порака до сите љубители на кошарката. Натпреварот против „МЗТ Скопје УБ“ ќе го одиграме и сите собрани средства од влезниците кои чинат 100 денари како и дополнителните средства собрани за време на натпреварот ќе ги уплатиме на семејството на Лео. Знаеме дека нашиот град Велес е познат по хуманите граѓани кои секогаш несебично помагаат кадешто е потребно, во недела ги очекуваме во поголем број, велат од КК „Борец Баскет“.
Покрај хуманитарниот дел целта на велешките кошаркари е да стигнат и до нова победа во Втора лига.
Хуманитарниот натпревар ќе започне во 17:00 часот и ќе се одигра во СЦ „Гемиџии“.
Исто така, за Лео може да донирате и преку броевите „ТМ : 143-118“ и „А1 : 143-500“.
Стефани Манева