(видео и фото) Велес повторно домаќин на адреналински и екстремен спорт – Ендуро трка 2024
Првата ендуро трка од државниот шампионат во Ендуро за 2024 година, традиционално 14-та година по ред ќе се одржи на патеката на велешко езеро „Младост“. На еднодневната трка ќе се вози во неколку класи поточно Е1, Е2, Е3 и Е јуниот и учество ќе земат од 30 до 50 возачи . Организатор на настанот традиционално е мото клубот „МотоВелес“ заедно со МФМА и Општина Велес.
Претседателот на „МотоВелес“, Сашко Ванов, денеска во видео изјава за Дума.мк ги соопшти деталите за трката и рече дека овој адреналински спорт бара посебна подготвеност како од возачите така и за нивните мотори.
Исто така, додаде дека оваа традиционална трка веќе неколку години по ред е примамлива и за учесници кои доаѓаат надвор од границите на нашата држава.
Ванов ги поканува сите љубители на овој адреналински спорт да дојдат на 7ми јули, во недела, со почеток во 11:00 часот на патеката кај велешко езеро „Младост“ и да ја проследат ендуро трката која ќе понуди вистинско адреналинско уживање за секој присутен.
Стефани Манева