Втора кошаркарска лига – „Борец Баскет“ – „Шкупи“ 78:65
Вредна победа во борбата за подобра позиција во плејофот забележаа велешките кошаркари. Во интересен но и квалитетен натпревар во самиот финиш го совладаа квалитетниот и незгоден скопски состав. Во текот на целата средба „Борец Баскет“ водеше но гостите изнаоѓаа сили и се прближуваа. Натпреварот беше решен во последните три минути кога домашните кошаркари одиграа посмирено, не промашуваа и стигнаа до победата. Најпрецизни беа Тодор Златев со 20 и Суад Карталовиќ со 19 кошеви. Ова беше 10 победа за „Борец баскет“ во последните 11 средби. Велешани се сигурни учесници во плеј офот. Да не беа есенските несреќни порази од „Шкупи“ и „Вардар“ со по 1 кош разлика и од „Водно Санс“ и Струмица со по 2 коша, изгледот на табелата ќе беше поинаков.
Ангел Љутков по натпреварот за Дума.мк изјави:
-Интересен и борбен натпревар. Заслужено го добивме, но да напоменам дека гостите пружија силен отпор. Имаме уште две кола до крајот, па не очекува плејофот. Ако забележиме победи во Каменица против „Баскет Кам“ и дома со битолска „Хераклеја“ најмалку сме трети. Но треба да ни се поклопат останатите резултати на конкурентите. Ќе биде неизвесно и интересно до крај. Благодарност до публиката која дојде во солиден број и која ни даваше подршка во текот на целата средба.
Лазар Лазаровски