Завршија висинските подготовки на ФК„Борец“, Јанкулов е новото засилување

Објавено на 23 јули, 2021 во 11:34

По успешно завршените подготовки  на Златибор екипата на ФК „Борец“  е во Велес и се тренира на градскиот стадион. Тренерот Христов не го крие задоволството од сработеното, од условите и ангажирањето на играчите.

Лекарот во тимот Д-р Никола Нацев е задоволен што здравствениот биланс е добар.

-Имаме  само една повреда која не е сериозна, се работи за Алекс Трајковски кој осети болка во коленото, која ќе биде пребродена за неколку дена. Кога заминувавме за Златибор тепературата во Велес беше 40 степени таму 15 степени. Од температурната разлика се појавија настинки кои брзо беа санирани и се тренираше со полн капацитет, речеД-р Нацев.

Новина во Борец е ангажирањето на Георгие Јанкулов десен бек младински репрезентативец на Македонија до 21 година кој потекнува од белградска „Црвена Ѕвезда“.

Во недела на градскиот стадион во Велес „Борец“ се сретнува со екипата на второлигашот „Воска“ од Охрид тим доста силен кој најавува борба за прволигашки статус.

До почетокот на првенството генерална проба велешани ќе имаат и со струмичка Беласица.

Лазар Лазаревски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.