ЖФК „Борец“ на подготовки во Струга
Женскиот фудбалски клуб „Борец“ ги започна подготовките за престојната сезона на првата фудбалска лига. Во моментов екипата е во Струга каде се работи на физичката подготвеност. Под водство на тренерот Тоше Нацев напорно работат 22 фудбалерки.
За амбициите во престојното првенство и како се одвиваат настаните спонзорот и председател на клубот Рикардо Илиев рече:
– Во разговори сме со неколку играчи кои ќе не засилат. По враќањето, во недела, од подготовките,ќе ги финишираме разговорите па ке можеме да ги соопштиме нивните имиња. Во клубот дојдов со моите истомисленици да создадеме состав за по висок пласман и излез во Европа односно настапи во Лига на шампиони. Позитивната атмосвера, начинот на работа и условите кои ги обезбедуваме се причина повеќе да веруваме во поставените цели и амбиции.
ЖФК „Борец“ до почетокот на првенството предвиде и договори повеке пријателски средби.
Лазар Лазаревски