ЖФК „Борец“ со победа го отвори пролетниот дел на првенството
Потешко од што се очекуваше но сепак фудбалерките на „Борец“ стигнаа до бодовите против екпата на „Топ Гол“ од Битола. Натпреварот заврши со резултат 1:0.
Почетокот им припадна на домашните и по неколку ветувачки акции во 25 минута со голот на Елма Шемсовиќ стигнаа до водсво. Шемсовиќ упати удар од левата страна доста откосо и постигна убав гол. До крајот на полувремето домашните имаа повеке од играта но не погодија за втор гол.
Второто полувреме донесе здодевен фудбал. Домашните задоволни од водсвото подзастанаа а гостинките немаа сили да нападнат.
Славчо Паунков тренерот на голманите во Борец за Дума изјави:
“Секогаш првите натпrевари кога се отвара сезоната се тешки. И овој не беше исклучок. Дадовме гол доволен за победа, имавме уште неколку шанси. Важно е што ги освоивме трите бода знаејќи дека цела сезона се мачиме на домашен терен. Имаме неколку тешки гостувања на аспирантите за титулата. Ке биде ова доста интересно првенство.“
Лазар Лазаровски