ЖФК „Борец“ -ЖФК с. ц. „Истатов“ 4:3

Фудбалерките на „Борец“ забележаа победа над екипата од Дојран и стигнаа до трите бода во еден интересен но не и квалитетен натпревар. Во велешкиот состав недостасуваа голем број на играчи што се одрази на играта.
Во 23 минута „Борец“ поведе со голот на Максимовиќ која натрча на одбиена топка од гостинскиот голман. Во 42 минута по еден неуспешен офсајд, со голот на Чонева резултатот беше израмнет. Во 52 минута Шемсовиќ од дваесетина метри биеше силно за ново водство на домашните. Само што тргнаа од центарот со голот на Чонева гостинките изедначија, по лоша интервенција на потесната одбрана на Борец. Две минути подоцна „Борец“ повторно води а стрелец е Батиниќ по лошата интервенција на гостинскиот голман Марија Меијер.

На 3:3 израмни Петрушевска по уште една неуспешна офсајд стапица на играчите на „Борец“. Конечниот резултат 4:3 го постави Батиниќ која од слободен удар биеше од далечина а голманот на гостите повторно се посрамоти и прими ефтин гол.
До крајот се играше на средината на теренот и домашните успејаа да стигнат до бодевите.
Лазар Лазаровски
