Еден новозаболен велешанец и двајца оздравени од Ковид 19

Објавено на 16 јуни, 2020 во 11:53

infektivnooddelenie fin

16.06.2020

Во изминатите 24 часа, кај еден нов сограѓанин е дијагностицирано инфективното заболување Ковид 19 додека активни во градот се 29 велешани. Од почетокот на епидемијата до денеска бројката на заразени во Велес изнесува 154 граѓани.

На инфективното одделение во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 14 пациенти.

-Дванаесет од нив се со потврдена дијагноза на коронавирус додека за двајца се чекаат резултати. Во моментов здравствената состојба на сите болнички пациенти е добра. Ниту еден од нив не е на кислородна поддршка, рече д-р Весна Николовска Неделкова.

Оздравените двајца сограѓани не се испишани од болницата. Тие најверојатно биле со полесни симптоми и се лекувале во домашни услови под постојан надзор на матичните лекари./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.