16 Септември е неработен ден за припадниците на еврејската заедница

Објавено на 14 септември, 2021 во 15:46

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 16 септември 2021 година (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија им го честита празникот Јом Кипур.​

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.