23 мај, Национален ден на Власите е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Објавено на 19 мај, 2022 во 15:29

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 23 мај 2022 година, (понеделник), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница во Република Северна Македонија им го честита Националниот ден на Власите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.