35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина
Објавено на 12 октомври, 2021 во 10:18
Согласно податоците од Министерство за здравство, 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана барем со една доза.
Оваа недела се очекува да започне и тестирање на 8200 ученици од основните и средните училишта. Тестирањето ќе се одвива по случаен избор од регистарот на Е-дневникот и е во согласност на нивните родители.
Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-19 дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 195.002, бројот на оздравени
пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а на активни случаи изнесува 6.957.