4 милиони евра поделиле општините за поддршка и дотации на граѓаните во изборната 2025 година

Објавено: 2 септември, 2026, во 15:30 часот

Центарот за граѓански комуникации, денеска, ги објави истражувањето и базата на податоци за парите што ги даваат општините за субвенции и дотации на граѓаните. Истражувањето покажува дека: 

  • 63 општини во земјава лани потрошиле 4.056.482 евра за разна финансиска поддршка и дотации за жителите во општините.
  • Ова е за речиси еден милион евра повеќе отколку во претходната 2024 година.
  • Паричната помош е доделувана според 92 различни основи.
  • Поединечните износи се движат до 100.000 денари за брак и 200.000 за фасада.
  • Пари и помош биле доделени на вкупно 58.290 граѓани.
  • Најмногу граѓани со помошта опфатиле Гази Баба и Кисела Вода, секоја по повеќе од 10.000 жители. 
  • Најмногу пари поделиле скопските општини Аеродром и Центар, секоја по повеќе од половина милион евра.
  • Секоја општина применува свои правила, називи и основи за доделување на помошта.
  • Нема воедначеност на сумите што ги исплатуваат општините за иста основа. За новороденче се исплатуваат од 3.000 до 30.000 денари, а за прваче сумите се движат од 2.000 до 8.000 денари.
  • Нејасно е дали општините имаат ингеренции за вакви дотации и помоши, особено што секоја општина применува различни правила, процедури, постапки, износи и категории.

До целото истражување можете да пристапите преку следниот линк.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.