Албански државјанин паднал од балкон во Кичево
Објавено на 30 април, 2021 во 16:22
Дваесет и шестгодишно момче од Албанија итно пренесено на скопска Клиника по пад од балкон на куќа. Инцидентот се случил рано утринава, кога момчето паднало од балконот на првиот кат од куќата во сопственост на И.В.(57) од Кичево. Тој го пријавил случајот во кичевската полиција. Момчето престојувало во неговата куќа што се наоѓа на улица „11 Септември“ во Кичево.
Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.
Во врска со настанот на разговор во полициската станица Кичево биле повикани уште две лица од Албанија кои биле со М.К. во куќата, како и сопственикот на куќата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.