АМСМ: На граничните премини нема подолги задржувања, времен режим на сообраќај во тунел Блаце
Oд 11септември, денеска, ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот на десна страна од тунелот Блаце, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи или санација. Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На магистралниот пат А-3 кај с.Очипала на патниот правец Македонска Каменица-Делчево , сообраќајот се одвива наизменично во една коловозна лента за сите видови на возила.
Дума.мк