АМСМ: На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања
Сообраќајот на автопатот Скопје-Тетово е нормализиран.
Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сосојбата на граничните премини следете ја и преку веб страницата Дума.мк, каде имате банер кој ви ја прикажува во моментот. Кликнете и во категоријата Патна мрежа, изберете подкатекорија видео камери.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево