АМСМ: На „Табановце“ се чека околу еден час а на „Богородица“ до 30 минути за влез во државата

Вијадукт Трејд известува дека престанува забраната за возила на патот Маврови Анови – Дебар која важеше поради изведување на асфалтерски работи. Останува во важност поставената времена сигнализација и истата треба да се почитува. Работите на патот продолжуваат да се изведуваат од страна на Пелагонија АД Гостивар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час. На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 01.07. почнуваат сезонските забрани за тешки товарни возила.
– Забрана за движење на тешки товарни возила на државните патишта во РМ.
– Забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Скопје – Охрид – Скопје.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај до 01.10.2022 за возила со вкупна маса до 3,5 тони.
