Ангелов: Сите села се обезбедни, ниедно не е директно загрозено од пожарите
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов на денешната прес-конфереција кажа дека јавноста треба да знае дека при носењето одлуки главниот штаб парви анализа за тоа каде треба да се пратат хеликоптери .
-Бидејќи сме на постојана критика од опозцијата поканувам претставник на комисјата за одбрана на собранието да присуствува на состанок и да дојде и да види дека работата не е стихијна и дека е под целосна контрола. Гори Балкан не само Мкадеонија, пожари има насекаде, вели Ангелов.
Пожарот кај пехчевското село Будинарци и натаму е најсериозниот од неколкуте активни пожари во Македонија и во неговото гаснење учествуваат и екипите од Словенија и Австрија, како и хеликоптер на АРМ.
-Пожарот не е до самото село Будинарци. Сите села се обезбедни, ниедно не е директно загрозено од пожарите, изјави Ангелов.
Помошник-раководителот на ЦУК Марија Милкова информираше за актуелната состојба со пожарите. Таа истакна дека пожарот во Делчевскиот Регион е ставен под контрола, но не и целосно е изгаснат, при што таму се екипи кои ја следат ситуацијата за да не дојде до негово разгорување. Пожарот во Будинарци се уште е активен, како и пожарот во скопски Сарај, каде што ќе летаат дронови за да се види каде може да биде локализиран. Активни пожари има и во Кумановско, Прилепско, Битолско и во Кавадаречко.
Центарот за управување со кризи денес го промовираше посебниот систем за командување во итни ситуации – НИКС. Следната генерација за систем на командување, ги дигитализира сите податоци од терен и помага на главниот штаб во носењето на квалитетни одлуки.