Ангеловски: МВР работи без разлика дали е викенд или празник
Објавено на 12 октомври, 2021 во 10:12
МВР работи без разлика дали е викенд или празник, вели во Утрински Брифинг портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
-Граѓаните треба да знаат дека полициските службеници работат за доброто на граѓаните. Сообраќајните контроли за време на викендот покажуваат дека имало 394 прекрушувања на сообраќајните правила, односно возење над дозволената брзина, информира Ангеловски.
Тој вели дека продолжува тенденцијата на сообраќајната култура.
-Се надеваме дека и октомври ќе го заокружиме со многу мала бројка на жртви во сообраќајни незгоди и ќе продолжи тенденцијата од од август и септември кога имамавме за три пати, односно за пет пати помал број на жртви во однос на минатата година, додава портпаролот на МВР.