Британски брод тоне на грчкиот остров Милос, спасени 17 патници
Објавено: 12 август, 2021, во 14:06 часот
Брод, што плови под британско знаме тоне во близина на грчкиот остров Милос, а во тек е спасувачка операција за 17 патници, соопшти грчката крајбрежна стража, пренесува Ројтерс.
Неколку бродови и воен хеликоптер учествуваат во спасувачката операција.
Се уште не е позната причината за бродската несреќа, а исто така не е позната националноста на патниците.
