Бугарија последна во Европа според бројот на вакцинирани

Објавено на 9 февруари, 2022 во 15:20

Околу една третина од населението во Европа се уште не е вакцинирано против Ковид-19, а Бугарија е на последно место според тој индикатор. Тоа го нагласи денеска Андреа Амон, директор на Европскиот центар за превенција и контрола на болести. Амон учествува на онлајн семинарот „Научниот одговор на Европската унија на дезинформациите за ковид-19“, организиран од Претставништвото на Европската комисија во Бугарија.

Според неа, потребни се заеднички напори за да се зголеми опфатот со вакцинација.

– За време на пандемијата, обезбедуваме научни информации и докази за вакцините што можат да ги користат сите земји, а научните информации ги правиме што е можно поразбирливи, додаде Амон.

– Вакцините, особено бустер дозите, се многу ефикасни, особено за полесна прогресија на болеста и помалку хоспитализирани, изјави Емери Кук, извршен директор на Европската агенција за лекови.

Кук ги повика бугарските граѓани да го завршат циклусот на вакцинација, како и засилената доза.

– Имаме многу научни докази за поддршка на ефективноста на вакцината, но има и многу дезинформации, додаде таа.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.