Царовска по повод Меѓународниот ден за човекови права: Обезбедуваме еднаков пристап до квалитетно образование за секое дете
Правото на квалитетно образование е едно од најважните и неприкосновени права на секое дете, затоа како Министерство за образование и наука, создадовме политики и обезбедуваме инвестиции со кои го унапредуваме националниот образовен систем и го правиме достапен за секое дете, истакна Министерката за образование и наука Мила Царовска, по повод Меѓународниот ден на човековите права -10. декември.
„Училиштето не учи за знаењата, но и за други многу важни нешта- за животот, за еднаквоста, за почитување на различностите. Врз основа на овие вредности градиме образование кое ќе создаде граѓани кои ги почитуваат сите човекови права, се почитуваат меѓусебно, се еднакви и слободни“, вели Царовска.
Министерката потсети дека во изминатата година и половина се направени крупни промени во обезбедувањето на квалитетно и инклузивно образование.
„Воведени се целосно нови наставни програми за прво и за четврто одделение, со кои се менува пристапот во наставата. Пристапот на учење преку критичко размислување, анализа и истражување го развива полниот потенцијал на секој ученик. За успешна реализација на новата Концепција која ќе се имплементира во наредните 5 година ги подобруваме условите за настава во училниците со обезбедување на потребните ИТ уреди, како што се интерактивни табли, нови наставни и нагледни средства, набавка на 260 кабинети по природни науки, и сé друго што е потребно“, вели Царовска.
Огромни напори се вложени и во унапредување на инклузивноста на образованието. Од оваа учебна година за првпат вработивме 500 образовани асистенти кои се директна поддршка на учениците со попреченост во редовната настава во училница. Исто така, училиштата стануваат пристапни за лицата со попреченост, бидејќи пристапноста стана услов за добивање на средства од државата за реконструкција или изградба на училишни објекти. Обезбедени се учебници во електронски и аудио формат, но и учебници испечатени во Брајово писмо. Со ова го доближуваме наставниот материјал и го правиме воспреимлив за дечињата со атипичен развој.
Го јакнеме ученичкиот и студентскиот стандард. Вововедени се неколку категории нови стипендии, како оние за ученици запишани во дуални паралелки, но и значителното зголемување на износот на стипендиите кои досега се доделуваа од околу 2900 денари на 3500 денари месечно.
Над 27.000 студенти од оваа учебна година користат субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари, а ги зголемивме и студентските стипендии кои се доделуваа во неколку категории со различни износи од 3300 денари, од 4400 денари и така натаму, сега се сите изедначени на 6050 денари, со исклучок на оние за студенти запишани на математика, физика, хемија кои остануваат по 18.000 денари месечно. А воведени се и стипендии за студии од втор и од трет циклус.
Продолжуваме да го унапредуваме образованието, затоа што основата за демократско и прогресивно општетсво во кое се почитуваат човековите права е квалитетно образование.