Царовска: Референдумот е демократско право, промени во образованието мора да има

Објавено на 26 мај, 2021 во 12:32

Министерката за образование, Мила Царовск,  смета дека референдум против образовните промени е демократско право, но реформи во образованието мора да има.

-Сведоци сме  дека имавме многу средби нивните барања не се поврзани со дигитализацијата, туку со  родовата рамноправност, подеднакво учество на мажите и жените нешто за што државата, Уставно се обврзала дека ќе го почитува, вели Царовска.

Додава дека референдумот е демократско право и си има постапка.

-Ние неколку пати кажавме дека дијалогот е отворен за реформите припремите за прво и четврто одделени се во континуитет. Реформите мора да се случуваат, промени во образованието мора да има. Ако тапкаме во место уште пет, седум години го губиме и можниот сегашен потенцијал, додава Царовска.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.