Царовска: Референдумот е демократско право, промени во образованието мора да има
Објавено на 26 мај, 2021 во 12:32
Министерката за образование, Мила Царовск, смета дека референдум против образовните промени е демократско право, но реформи во образованието мора да има.
-Сведоци сме дека имавме многу средби нивните барања не се поврзани со дигитализацијата, туку со родовата рамноправност, подеднакво учество на мажите и жените нешто за што државата, Уставно се обврзала дека ќе го почитува, вели Царовска.
Додава дека референдумот е демократско право и си има постапка.
-Ние неколку пати кажавме дека дијалогот е отворен за реформите припремите за прво и четврто одделени се во континуитет. Реформите мора да се случуваат, промени во образованието мора да има. Ако тапкаме во место уште пет, седум години го губиме и можниот сегашен потенцијал, додава Царовска.