Циклон од Џенова, од недела вечер, носи обилни врнежи
Објавено: 23 јануари, 2026, во 08:52 часот
„Под влијание на моќен циклонски систем со центар над Џенова и на голем влажен воздушен бран поврзан токму со овој моќен циклон во недела вечер, 25 јануари и во текот на ноќта кон понеделник 26 јануари, во Македонија ќе имаме пообилни врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час). На планините над 1100/1200 метри надморска височина ќе има врнежи од снег и ќе дојде до зголемување и проширување на снежната покривка. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи.
Врнежи ќе имаме и во текот на наредниот ден, понеделник 26 јануари.
За време на овој голем влажен воздушен бран локално ќе наврне позначително количество на воден талог, над 30 литри на метар квадратен.
И во Скопје и околината ќе имаме врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и проследени со засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. На околните планини ќе има повремени врнежи од снег. Температурите, поради продор на поладен воздух од север во недела навечер и ноќта кон понеделник како и во понеделник 26 јануари. повторно ќе опаѓаа,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк


