Црн рекорд за Русија: Денеска 799 починати од Ковид-19

Објавено на 11 август, 2021 во 13:54

Русија денеска објави нови 799 смртни случаи поврзани со Ковид-19, што претставува историски рекорд кој таа земја го забележува четврти пат во последниот месец, пренесува Ројтерс.

Руското здравство потврди дека има 21,571 случај на Ковид-19 во изминативе 24 часа, што претставува благо опаѓање на бројките во однос на јули.

Вкупно во Русија од почетокот на пандемијата има 6,512,859 случаи на Ковид-19, а пријавени се околу 315 илјади смртни случаи поради вирусот.

Тие и понатаму се справуваат со пандемијата, откако летово беа погодени од заразниот делта сој.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.