ЦУК: Вчера имаше 11 пожари на отворен простор, активен е се уште еден

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите од неговиот Сектор за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 11. Од нив, актиен се уште е еден, во Општина Македонск Брод, над село с.Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки. Пожарот е на многу висок и на непристапен терен. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно теренско возило од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод.
Другите 10 изгаснати, од вкупно 11-те пожари во последното деноноќие биле во општините:
– Општина Чашка, кај с.Крива Круша (каде што горела сува трева и папрат);
– Општина Арачиново, кај с. Арачиново (ниска вегетација и ѓубриште);
– Општина Гази Баба, покрај Бул.„16 Македонска Бригада“ (ниска вегетација);
– Општина Центар, покрај ул.„Самуилова“ (запалено дрво);
– Општина Прилеп, кај с.Врбјани (ниска вегетација);
– Општина Чешиново – Облешево, два пожара, кај с.Облешево (стрниште) и кај с.Уларци (стрниште);
– Општина Куманово, с.Речица (ниска вегетација);
– Општина Старо Нагоричане, два пожара, кај с.Пелинце (отпадоци) и кај с.Младо Нагоричане (каде што горела ниска вегетација и остатоци од насади од пченка).
Дума.мк
