ЦУК: Во последното деноноќие имало два пожара на отворено

Објавено на 20 октомври, 2023 во 08:24

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано два пожара на отворено, до утрово: еден во Скопскиот регион и еден во Општина Радовиш каде што пожарникарите гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с. Покрајчево на површина околу 15 хектари.

ЦУК апелира дека треба да се избегнува палење оган на отворено, заради тоа што вегетцијата е се уште многу сува, врнежите беа мали и и температурите преку ден се во покачување. Истовремено, се апелира итните случаи да бидат пријавувани што побрзо со кратки и прецизни информации на 112 во ЦУК, во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните и природните добра во државата.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.