Д-р Хасани: Свадбите на затворено треба да организираат со лимитиран капацитет
Објавено на 29 јуни, 2021 во 09:35

Заменик-министерот за здравство, доктор Илир Хасани, во Утрински брифинг објасни дека подобро е да се дозволи организирање на свадби во затворените ресторани со лимитиран број на гости отколку луѓето да се собираат неконтролирно по некои ќошиња.
-Реални да бидем во Скопје имаше пред некој ден тројца заразен и еден во Биотла од 2 500 тестирања. Идејата е да се отворат и рестораните кои се затворени, но се лимитиран капацитет. Сите ресторани имаат вентилација. За нас свадбата е собир за еден повод. Сакам да кажа дека групирања има секој ден неконтролирано по ќошињата. Секое затегнување би довело до непријатности бидејќи луѓето ќе се собираат во куќи, подобро е нешто да се конторлира отколку да се остави на милост или немилост, вели Хасани.
