Денеска врнежи од дожд, на планините снег
Објавено: 26 ноември, 2021, во 09:27 часот
Денес ќе има врнежи од дожд особено во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува таму да се формира снежна покривка.
Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места и особено на југоисток ќе бидат поројни. Од утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец, што за време на викендот ќе услови повисоки температури.


