Доаѓаат пролетни температури, од понеделник во Повардарието и југоисточниот дел до 25°C

Објавено: 4 април, 2026, во 08:06 часот

Почетокот на следната седмица во Македонија конечно ни доаѓа вистинската пролет со вистински пролетни температури на воздухот, со многу сончево, стабилно и суво време без врнежи.

Македонија ќе биде под влијание на стабилна, сува  и на значително потопла воздушна маса од југ и токму ова ќе услови да имаме брз и значителен пораст на температурите на воздухот во Македонија.

Добро е тоа што во ноќните  и во утринските часови не очекуваме минусни температури во најголем дел од Македонија па така нема опасност од премрзнување на овошките кои се во силна фаза на цветање.

Почетокот на следната седмица во Македонија ќе ни донесе максимални дневни температури кои речиси насекаде ќе се искачат до околу и над 20 степени а во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија тие ќе се искачат до околу 25 степени, соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.