Дојави за експлозивни направи во 15 училишта во Скопје

Објавено на 14 декември, 2022 во 10:23

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека утрово пристигнале дојави за бомби на адресите на 15 училишта во Скопје.

-Денеска (14.12.2022) околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од МВР.

Ова е најголем број на пријавени закани за експлозивни направи во училишта за еден ден.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера истакна дека речиси е невозможно да се детектира од каде доаѓаат заканите, поради тоа што се прават преку т.н. ВПН врски хостирани во странство.

Првата дојава беше регистрирана на 26-ти октомври годинава кога во земјава пристигна шефицата на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен и оттогаш скоро три месеци како граѓаните се соочуваат со ваквите закани, кои за среќа беа проверени и утврдени како лажни.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.