Државниот врв и странски дипломати денес на Криволак
Објавено на 31 мај, 2021 во 10:17
Денеска на полигонот „Криволак” ќе се одржат активности на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.
На денот за високи гости ќе присуствуваат претседателот на Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Tалат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министрите Оливер Спасовски, Венко Филипче и Фатмир Бесими.
Покрај нив гости ќе бидат и министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац, амбасадорите на САД, Кејт Мери Брнз, како и на Грција и на Албанија.