Државниот врв и странски дипломати денес на Криволак

Објавено на 31 мај, 2021 во 10:17

Денеска на полигонот „Криволак” ќе се одржат активности на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“.

На денот за високи гости ќе присуствуваат претседателот на Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Tалат Џафери, претседателот на Владата, Зоран Заев, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министрите  Оливер Спасовски, Венко Филипче и Фатмир Бесими.

Покрај нив гости ќе бидат и министерката за одбрана на Црна Гора, Оливера Ињац, амбасадорите на САД, Кејт Мери Брнз, како и на Грција  и на Албанија.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.