СЈО ќе поднесе жалба за одбивањето на притворот за „Трезор“
Објавено на 4 октомври, 2016 во 07:25
Специјалното јавно обвинителство најави дека ќе поднесе жалба на одлуката на Судот да не му се определи притвор на еден од осомничените во случајот „Трезор“.
Совет од Кривичниот суд во рок од 48 часа ќе треба да се произнесе за жалбата. Според извори на Фокус, СЈО бара притвор за Горан Грујевски од УБК.
Во случајот „Трезор“ осомничени се четири лица, од кои за едно СЈО бара одредување притвор, а за другите три бараше одредување мерки на претпазливост.
Извор: Фокус