Берзите го намалија богатството на најбогатите!
Стоте најбогати луѓе во светот загубиле на берза 21,3 милијардa долари, покажуваат резултатите од последниот извештај на бонитетната агенција „Стандард енд Пурс 500“.
Најголема загуба минатата недела забележал 34-от најбогат човек на светот Карл Икан (фото), чие богатство од 20,4 милијарди долари сега е намалено за 1,3 милијардa. На берзата се „изгорел“ и најбогатиот човек на светот Карлос Слим, кој загубил 700 милиони долари, па сега има „само“ 73,4 милијарди долари.
Вториот на листата со најдлабок џеб на светот Бил Гејтс останал на 66 милијарди долари, и покрај загубите поради лошите перформанси на Мајкрософт. Сопственикот на шпанска „Зара“, Амансио Ортега и покрај загубата поголема од една милијарда долари, се наоѓа на третото место на најбогатите луѓе на планатева, со богатство од 56,1 милијарди долари.