ССМ бара повисока минимална плата!
За да се утврди висината на минималната плата Сојузот на синдикати на Македонија побара итно свикување на економско социјално совет.
Се бара зголемување на висината на минимална плата, бидејќи има зголемување кај бруто исплатена плата во минатата година.
“ Со оглед на тоа што излегоа статистичките податоци заклучно со декември во однос на минималната плата бараме итно свикување на Економско социјалниот совет каде согласно член 4 од Законот ќе го дадеме своето мислење за утврдување на минималната плата. Согласно овој член, минималната плата изнесува 39,6 проценти од просекот на бруто-платата на Републиката од претходната година. Според нашите проценки, очекуваме зголемување на висината на минималната плата, имајќи предвид дека има покачување на исплатената бруто-плата за претходната година, изјави претседателот на ССМ Живко Митревски на денешната прес-конференција.
извор: А1он.мк