Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Објавено на 12 април, 2021 во 10:58

auto 22

12.04.2021

Малопродажните цени на нафтените деривати од вечер на полноќ се намалуваат за 0,76 отсто.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар, а цената на Еуродизел (Д-Е V) останува иста.

Еуросупер БС-95 од полноќ ќе се продава по 67,00 денари/литар, Еуросупер БС-98 за 69 денари/литар, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,513 ден/кг и сега ќе изнесува 34,266 ден/кг., а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) горивото ќе чини 57,50 денари/литар.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.